Традиционално за велегденската трпеза по долгиот пост семејството се собира на ручек на кој вообичаено се готви јагнешко месо,
Но традицијата во голем дел од семејставата само ќе се прераскажува бидејќи како што велат со цена од 650 денари за килограм јагнешко во кое мора да ги земете и главата и голем дел од внатрешните органи ретко кој ќе може да си дозволи да ја испочитува традицијата, објави Канал 5.
Пазарите и месарниците денеска беа преполни со луѓе кои пазарат за велигденската трпеза. И додека граѓанит се жалат на високите цени и на зеленчукот која за велигденските празници е зголемена и на цената на јагнешкото, месарниците зад камерата ни рекоа дека цената не ја диктираат тие туку кланиците од каде го земаат месото. Најголем сепак е револтот кај сточарите чие јагне во предвелигденскиот шпиц се откупува од 210 до 230 денари за килограм жива мера а како што велат тие од тоа јагне отпад нема повеќе од 20% бидејќи речиси се се користи за продажба и не им е јасно како секоја година во мераснириците постојано расте цена а кај нив откупната цена им ја намалуваат. Дополнителен проблем за сточарите е и условот да мораат да продадат јагниња колку што е 50% од бројноста на стадото за што ставот на министерството е дека сепак ќе се почека да заврши откупот и да се види сточарите како ќе поминат па ако има потреба ќе се изврши корекција околу овој услов.