strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Објавено June 11, 2025 13:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници.

На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле дадени оштетени учебници, некои и со пообемно оштетување. Потсети на законската обврска секое училиште да формира комисија која ќе ги провери учебниците што ги враќаат учениците од претходната година, да процени дали се во добра состојба за да им се предадат на следна генерација ученици или треба да бидат заменети.

-Под надзор на директорот на училиштето, таа комисија треба да ги издвои настрана оштетените учебници и потоа од МОН да побара тие учебници да бидат обновени односно да се обратат до Педагошката служба и во отворен електронски систем да пријават колку учебници им недостигаат за ние да може да набавивме нови учебници. За жал, во изминатите години властите, исто така, се соочувале со овој предизвик и тој постојано не бил решаван. Овојпат јавно се обраќам до сите дека МОН и Педагошката служба имаат издвоено средства за сите оштетени учебници да бидат заменети за учениците да не бидат демотивирани дека им фалат страници и да не можат да прочитаат, па и наставниците да се чувствуваат исто така, рече Јаневска.

Оштетени учебници се пријавуваат во текот на мај, а Педагошката служба го продолжила рокот. За разлика од лани, пријавени се трипати повеќе оштетени учебници за кои е потребна замена, односно 18 000 наспроти 6000. Доколку има потреба, системот за пријавување повторно ќе биде отворен за да биде дополнет тиражот за обнова на учебници.

Замената на овие, засега 18 000 учебници, се дел од над 500 000 учебници што ги обезбедува МОН за сите предмети во основното и во средното образование. Годишно, во просек, за набавка на учебници Министерството издвојува околу 660 милиони денари.

Јаневска на прес-конференцијата соопшти и дека на 1 септември ќе ги има сите учебници, вклучително и за странски јазици од прво до деветто одделение. За седмо одделение ќе има учебници по нова програма откако беа направени измени на Концепцијата  и предметите, како историја и географија, хемија и физика, на барање на наставниците и родителите, се учат издвоено наместо интегрирано.

-Оваа година ќе има полн тираж за седмо одделение во целата држава, нови учебници по нова програма. Нови учебници по нова програма ќе има и за први клас гимназиско образование.  Тие процедури се при крај и веќе сме подготвени да почнеме со се што е потребно за на 1 септември училиштата да бидат спремни, истакна Јаневска.

МОН во текот на летото, рече, ќе работи опсежно и нема да користи годишни одмори затоа што најмногу обврски има токму во летниот период – „печатење, откуп на учебници, уписи во средните училишта, квотите на факултетите“. Порача дека МОН им е на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование доколку имаат какви било потреби за комуникација.

На учениците им посака пријатен одмор со порака „забавата да биде балансирана со читање лектири, со обновување материјал што не бил совладан и, евентуално, со подготовка на следната година“.  

Јаневска посочи и дека во учебната година што заврши, за околу 17 000 е помал бројот на основци и средношколци отколку пред седум години, што најмногу се должи на иселувањето. На странски универзитети студираат околу 5000 македонски студенти. 

TAGGED:Весна ЈаневскаМОНУчебници
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови
Следна статија Мицкоски: Се воспоставува нов принцип – спортскиот успех мора да се вреднува во текот на целиот живот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби „заигра“ фудбал во Вевчани

Не во Албанија, уште помалку во Косово. Бегалецот од правдата Артан Груби вчера веше во Вевчани. И не се криеше…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам си ги поправал оценките

Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Студентските домови етапно се реконструираат

Загрижува односот на политичката партија СДСМ, која денес организираше прес конференција за да изрази загриженост дека реконструкцијата на двата студентски…

July 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?