strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Јаневска: Образованието конечно станува приоритет
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Образованието конечно станува приоритет
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет

Објавено November 6, 2024 21:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите на наставниците и начинот на кој истото беше прифатено од страна на синдикатите. Јаневска испрати силна порака дека зголемувањето на платите не е само краткорочна мерка, туку дел од долгорочен план за обезбедување на стабилност и мотивација за наставниците, кои според неа се клучни за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија.

Јаневска истакна дека чувствува голема одговорност кон луѓето кои ја изгласале и дека постојано се труди да биде во контакт со нив. Таа исто така смета дека наставниците се основните носители на образовниот систем и дека нивната улога е неизмерно важна за развој на образованието. Според Јаневска, за да се поправи целиот образовен систем, неопходно е да се обрне внимание на клучните чинители, кои како што потенцира се самите наставници.

Има многу други, но наставниците се најважните затоа што тие се тие што поучуваат и предаваат знаење, вештини, и компетенции на учениците или на студентите – рече Јаневска.

Јаневска ги објасни и деталите од преговорите со СОНК, нагласувајќи дека тие не биле краткорочни, туку долготрајни и започнале веднаш по промената на власта. Таа исто така даде до знаење како се одвивале преговорите со СОНК.

Во тој период правевме ребаланс на буџетот, мораше тоа да се направи затоа што, за жал, претходната власт остави празен буџет во однос на платите на наставниците од основно до високо образование – истакна Јаневска.

Во однос на тоа како претходната власт се однесувала кон наставниците, Јаневска истакна дека не биле обезбедени доволно средства за платите на наставниците од високото образование и дека средствата биле недостапни за сите категории наставници.

Откако го направивме првиот чекор и обезбедивме плати за овие клучни чинители, почнавме преговори со СОНК и не само со СОНК, туку и во владата имаше размислување, како што постојано велевме, дека образованието треба да биде еден од приоритетите во самата влада, дека треба нешто да направиме за да ги мотивираме дополнително наставниците, покрај другите мотиви што ќе се обидеме да им ги пружиме, да си ја извршуваат својата функција и својата должност и обврска со задоволство, а не со чувство на тежина дека платата не им стигнува во текот на месецот да ги задоволат најосновните потреби – изјави Јаневска

Јаневска ги посочи и напорите за долгорочно решение во однос на платите на наставниците, потврдувајќи дека по постигнувањето на договорот со СОНК биле направени конкретни проекции за покачување на платите во наредните 4 години.

Поентата во овој договор не е само покачувањето на платите од 5% оваа година, туку ние на наставниците им даваме сигурност за следните 4 години. Во следните 4 години тие знаат дека постојано нивните плати ќе се покачуваат и ќе се покачат од 7,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години – јасно изјави Јаневска.

Јаневска посочи и дека има простор за дополнителни покачувања доколку економската ситуација во државата се подобри.

СДС вели дека им ги покачиле платите повеќе од тоа за 7 години, но јас тврдам дека ако ситуацијата се подобри малку во економијата во државата, а како што сме тргнале ќе се подобри, наставниците ќе добијат и повеќе од тоа. И јас секогаш ќе стојам со нив, до нив и зад нив, за да им овозможам полесен живот за да можат да се посветат на својата работа – заклучи Јаневска.

TAGGED:весна јаневскаобразование
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ова се можните кандидати за високи позиции во адмистрацијата на Трамп
Следна статија Демократите во шок по поразот на Камала Харис

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс

Британскиот весник Тајмс ја наведе Македонија како „восхитувачка туристичка дестинација“ во листа во која се наброени и лагуни во Исланд,…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која е осомничена за оддавање службена тајна на друг осомничен во случајот „Адитив“ нема…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пример за едноставност и нормалност: Мицкоски со комерцијален лет отпатува за Истанбул, шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска отпатува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе има средба со…

February 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?