Лијам Нисон неодамна им откри на медиумите дека повеќе не планира да глуми во акциони филмови.
Иако луѓето најмногу го паметат како актер од акционите филмови, 72-годишниот актер изјавил дека планира да престане да се занимава со вакви улоги.
-Имам 72 години. Мора да престане во некоја фаза. Не можете да ја измамите публиката. Не сакам каскадер да ми ги прави сцените со борби, рекол Нисон.
Улогата на Нисон во филмот „96 часа“ („Taken“) од 2008 година го претвори во акциона икона, по што тој само продолжи да изведува улоги во истиот жанр. Дури и во неговите 70-ти, Нисон продолжува да изведува сцени со борби со помош на долгогодишниот соработник каскадер Марк Ванселоу.
Иако Нисон допрва треба да одреди точен датум за неговата последна улога во акциониот филм, тој рече дека тоа најверојатно ќе биде во 2025 година.
Инаку, од неговиот пробив во акциониот филм „Taken“, Нисон глумеше во бројни филмови од истиот жанр како што се: „Unknown“, „The Grey“, „Non-Stop“, „Run All Night“, The Commuter“, „The Ice Road“ и други.
Најновиот акционен проект на Нисон „Absolution“ пристигнува во ноември.