Секое лето една од „жешки“ теми се настапите на регионалните музички ѕвезди во Македонија.
Без оглед на музичките вкусови и жанрови, сѐ погласни се реакциите дека српските пејачки наплаќаат „дебело“ за своите настапи во земјава, додека нашите музички ѕвезди се некако во втор план.
Август во земјава ќе донесе голем број пејачи од соседството – Саша Ковачевиќ е чест гостник и миленик на македонската публика, ќе настапуваат и Лепа Брена, Цеца, Брексвица, Раста…
Нашиот познат актер, пејач и шоумен Игор Џамбазов со прецизен став на темава.
– Немам ништо против добри концерти, имам против концерти кои се платени 10 пати повеќе, а вредат 10 пати помалку. Јас имам против тоа.. Не можам да ја разберам оваа генерација на која и е подраг Аца Пејовиќ од Миле Кузмановски, Шако Полумента од Наум Петровски, на која и е подрага Гоца Тржан од Каролина Гочева. Не можам да ја разберам таа генерација. Малку се застранети. Но, напливот на тоа што доаѓа од северот добива алармантни размери. Запознавам луѓе кои не чуле за нашите уметници. Ќе умрам и нема да ги разберам. Мојата борба е таа, да се борам против кичот, шундот, плејбекот… вели Џамбазов во изјавата за магазинот „Бејскетјџ“.
У центар 🎯🎯🎯🎯🎯 браво царе! https://t.co/W16qXFRlQV
— Вампирка (@drakulka143) July 30, 2025