Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо.
Еден од најомилените синови на италијанскиот фудбал, синоним за бескомпромисна борбеност, го презеде жешкиот компир.
По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство и убедливиот пораз од Норвешка (3:0), Италијанската фудбалска асоцијација одлучи да му се заблагодари на Лучано Спалети и да го замени со поранешниот играч на Милан.