Џенифер Лопез настапи во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а видеото од концертот што го сподели на Инстаграм собра речиси 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Имено, популарната Џеј Ло одамна не настапувала, а неодамна направи исклучок на отворањето на хотел во Дубаи. Потоа, таа одржа два концерти во Абу Даби, кои беа распордадени, а социјалните мрежи ги освоиа снимки кои ја покажуваат атмосферата од овие настапи.
Посебно внимание привлече еден детал каде што изгледаше дека пејачката се обидува да ги задржи солзите откако беше наградена со аплаузи и овации.
Сепак, уште еден детал го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.
Станува збор за видео кое го сподели на својот Инстаграм профил, а на кое се гледа како пејачката ја изведува песната „Louboutins“.
Песната беше придружена со посебна кореографија, а Џенифер сето тоа го зачини со провокативен танц во комбинезон со леопард принт, кој беше покриен со светки.
Обожавателите на пејачката се воодушевени што таа на сет-листа ставила песна која воопшто не ја изведувала претходните години.
„Во живо во 2025 година“, напиша таа накратко покрај видеото, додека коментарите го цитираа текстот на песната, но и ја пофалија пејачката која како што пишуваат „ја запали сцената“.
https://www.instagram.com/reel/DGWqDN2yYj_/?igsh=eHkxY3gxMjUxdW5x