strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: 1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > 1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата
ХРОНИКА

1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата

Објавено June 12, 2025 13:54
strana.mk
Сподели
Сподели

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи веледрогерии АД Д-р Пановски и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – картел при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од таму велат дека се работи за јавна набавка која во 2016 година е распишана од страна на Министерството за здравство на Република Македонија при што двете веледрогерии спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата склучиле забранет договор-картел со кој свесно и со намера да се стекат со противправна имотна корист на штета на државата го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата при откривање и документирање на овој картел го имала во предвид домашното законодавство, но и судската пракса на Европската унија.

„За учество во предметниот картел Комисијата со решението изрече прекршочни санкции глоба и тоа на АД Д-р Пановски во износ од 1.061.000 евра и на Фарма Трејд ДООЕЛ 721.000 евра. Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата“, соопшти Комисијата.

Од таму велат дека за откриениот картел ќе поднесат соодветно известување до Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство заради натамошно постапување од нивна страна во соодветна кривична постапка.

TAGGED:буџетглобад-р пановскиоштетен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати
Следна статија (Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар…

July 1, 2025

(ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Кос

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски…

July 1, 2025

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Во мај годинава, просечната каматна стапка…

July 1, 2025

Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите

Нашата сила е во обединетоста и…

July 1, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

83-годишна жена Скопјанка измамена за 17.300 евра

На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно…

May 24, 2025
ХРОНИКА

75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино вчера го пронашле и привеле Д.С. (55) од селото Пепелиште,со кој е…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“

По долго боледување, вчера на 22 ноември во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“. Си замина нашата…

November 22, 2024
ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во неговата куќа

48-годишниот А.А. од Скопје бил пронајден мртов во семејна куќа во село Удово. Според информациите од полицијата, починатиот имал здравствени…

February 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?