15-годишен мотоциклист од виничкото село Блатец вчера во селото удрил во дете-пешак и тешко го повредил, по што избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.
На 01.05.2025 во 20:10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблички, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Екипа на ОВР Виница извршила увид“, се вели во полициското соопштение.