Репрезентацијата на Македонија успеа да одигра нерешено со Белгија (1-1) благодарение на атрактивниот гол кој го даде Езџан Алиоски.
Крилниот играч со еден спектакуларен шут од прва, по нафрлена топка од нововлезениот Дарко Чурлинов, успеа да го совлада голманот на Белгијците и да донесе израмнување и делириум на Арената.