strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: 6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > 6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240
ЗДРАВЈЕ

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Објавено July 19, 2025 12:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за вработување медицински сестри, бидејќи недостигаат 6.000. Од Министерството за здравство, пак, информираат дека во тек се вработувања на 240 медицински сестри и дека планирано е во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи низ државата.

– Според податоците од Институтот за јавно здравје, во Македонија има 9.200 медицински сестри, што значи дека се работи за многу мал број според бројот на жители. Во државава недостигаат околу 40% медицински сестри и ако треба да бидеме 14.000, 15.000 медицински сестри, значи недостигаат околу 6.000 – вели во изјава за МИА претседателката на Унијата на здруженијата, Гордана Бешлиоска.

Таа посочува дека во последно време има тренд на заминување на наши медицински сестри и во Словенија и во Хрватска, каде што има комори на медицински сестри, признаено им е образованието, личните доходи им се многу повисоки, има континуирани и отворени конкурси и веднаш можете да се вработите.

-Не може да ви се одлеваат медицински сестри во пензија, да имате сестри со договор на дело, да не ги вработувате со години во болниците. Тоа е невиден парадокс. На тој начин сами ги бркаме да си одат. Во болници во земјите од регионот има преквалификации од една специјалност во друга, ги доедуцираат и надградуваат за да можат да ги надополнат критичните единици и интезивните неги – вели Бешлиоска и посочува дека мора да има континуирани конкурси, како што има во Србија, Хрватска и другите земји во регионот.

Според Бешлиоска нужно е се што се има од овој кадар на располагање да се овозможи под итно да влезе во болниците на работа.

– Има ситуација во која од приватните концесионери остануваат на улица после 30 години работно искуство и не знаеме да си ги прибереме во примарното здравство од каде што дошле. Голем број од нив едно време со времен закон беа избркани од здравствените домови за да одат да работат со концесионерите. Работат со договор на дело со години, па медицинска сестра четири, пет, шест години работи во неизвесност за 23.000 денари без никакво здравствено осигурување. Такви сестри има многу во болниците – потенцира Бешлиоска.

Агенцијата за вработување, појаснува, регистрира околу 740 невработени сестри, голем број од нив веќе се заминати, дел од нив ја напуштиле професијата, а некои од нив се водат како невработени затоа во болниците се со статус договор на дело.

Во врска со тоа каде најмногу недостигаат медицински сестри таа вели дека тоа се стационарите, каде работата е многу опсежна, патронажните служби, потоа во операционите сали, клиниките…Според неа, во одделите за интензивна нега каде се тешко болните треба да има една сестра на еден пациент или најмногу на двајца пациенти една медицинска сестра.

Таа истакнува дека истражувања покажале дека причини за незадоволството на медицинските сестри се нездравата работна околина, несоодветни безбедносни услови, а потоа и ниските плати. Посочува дека многу важно е и признавањето на образованието, професионалната автентичност на сестрите, нивната автономност на работните места.

Во врска со тоа колкави се платите на медицинските сестри рече дека медицинските сестри со средна стручна спрема имаат плата до 30.000 денари, а со високо образование земаат пет до шест илјади денари поголема плата од нив.

– На сестрите со специјалистичките студии, тие не им се признаени, како и на сестрите со втор и трет циклус на студии, магистериуми, не им е признаено научно образование. Околу 36.000 денари или 37.000 денари заработуваат сестрите со високо образование, на што им следат додатоците за нивниот работен стаж, за условите на работа, дежурствата, сменските работи… – вели Бешлиоска и додава дека стартната плата на медицинска сестра во здравствен дом може да изнесува 25.000 денари, во општа болница 27.000 денари, а во Клиничкиот центар – 30.000 денари.

Таа потенцира дека оптоварени и незадоволни здравствени работници иницираат и незадоволни пациенти. На прашање како да се надмине недостигот на медицински сестри, вели дека проблемот е што тие не се присутни таму каде што се носат одлуките и дека не може 25 години да има Лекарска комора, а да нема Комора на медицинските сестри, а да се зборува дека лекарите и медицинските работат во тимови. Тоа, истакнува таа, е една таква дискредитација на сестринската професија, а докторите не мора да ги дадат иницијативите, меѓутоа нека ги поддржат нашите иницијативи.

Според неа, мора да има сектор за сестринство во Министерството за здравство и дека не може правници и стоматолози во Министерството да ги решаваат проблемите на медицинските сестри, кои не се политичка опција, трошок и бројки, туку тие имаат сериозна и мултидисциплинарна професија.

Еден од најголемите проблеми е што сестрите не се вклучени во носењето здравствени политики, каде било, ниту ги има во некоја комисија, ниту во комисија за интрахоспитални…Дури и за наградата „13 Ноември“, кога на име на докторите се дават наградите, медицинските сестри ги нема. Значи мора да бидат таму каде што се носат политиките, и сестрите да одлучуваат сами за себе, тоа е генералното, првото и основното, мора да го добијат правниот субјект комората и законот кој го немаат за нивната дејност. Сите занаетчии во државата имаа лиценци само медицинските сестри немаат лиценци за работа, додава Бешлиоска.

Од Министерството за здравство наведуваат дека во јавните здравствени установи на примарно, секундарно и терциерно ниво низ државата, почнат е процесот за надополнување на дефицитарните кадри.

– До овој момент се добиени согласности за вработување на вкупно 240 медицински сестри. За поголем дел од нив постапката за вработување е завршена, а за останатиот дел постапката за вработување е во тек. За илустрација, за Здравствен дом Скопје, од вкупно добиени 117 согласности за нови вработувања, опфатени се 33 медицински сестри, во ЗД Крива Паланка се добиени согласности за шест медицински сестри, во ЗД Вевчани за четири медицински сестри, во ЗД Струмица – три патронажни сестри, во ЗД Штип – за две медицински сестри, како и во други јавни здравствени установи, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека се планира во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи, што ќе се реализира по завршување на постапката и обезбедување на потребните согласности од надлежните институции.

TAGGED:Медицински сестринедостиг
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра
Следна статија Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Невролозите откриваат активност која придонесува за здравјето на мозокот

Патувањето не е само можност да се избега од рутината, туку и да се подобри општото здравје, вклучително и менталната…

December 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од…

June 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат…

January 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?