strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: 8000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“, 4000 „изгореле“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > 8000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“, 4000 „изгореле“
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

8000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“, 4000 „изгореле“

Објавено October 13, 2024 12:41
strana.mk
Сподели
Сподели

Нискиот стандард, големата желба за заработка без труд, лакомоста и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани на апликации за брзи пари. Ниту информациите дека пропадна една од ваквите апликации „Конти“, не ги одвраќа од намерата да заработуваат на ваков начин и одново  ризикуваат и инсталираат нови апликации на своите мобилни телефони. И додека многумина се прашуваат дали во ваквите случаи станува збор за модерен начин на пирамидални измами, од Секторот за внатрешни работи – Велес потврдуваат за МИА дека нема пријавено измами преку интернет апликации за игри.

Модерен комар на работа, дома и во кафеана

Во разговор со жители на Тиквешијата, МИА открива дека вирусот со апликацијата „Конти“ толку многу ги зафатил поединци, што еден член од фамилија вклучувал други од поширокото семејство, правејќи им акаунти дури и на постарите роднини, па и на помладите. Се играло, како што велат тиквешани, модерен комар, фамилијарно дома, колегијално на работа, пријателски по угостителски објекти.

МИА разговараше со двајца кавадарчани на возраст до 45 години. Едниот вели дека играл и добил, а другиот вели дека не е ниту зијан, ниту ќар.

– Се работи за своевидна игра. Добиваш поени. Еден поен, еден долар или криптовалута. Криптото е врзано за долар. Поени имаме за ќар. Арно ама, во последно време го блокираа трансферот на поените. Па кажаа дека е одблокиран, но, треба да се плати депозит во рок од три различни денови. А и тоа е измама, коментираат соговорниците кои сакаат да останат анонимни.

Велат дека апликацијата во земјава стартувала некаде на почеток на годината. Веќе во септември, луѓе почнале да ги губат парите. Според нивни информации, од вкупно околу 14 илјади лица вклучени во апликацијата, околу четири илјади изгубиле на крајот од играта.

– Конти, Конти – тоа беше како магичен збор каде и да отидеш. Имаше и богати кои сакаа да станат уште побогати. Не знаеме дали беше поради недоволна информираност, желба да се излезе од сиромаштија, или и тоа и тоа, алчност или надеж за брза заработка, брзи пари без работа. Некои на почетокот се тргаат на страна, не сакаа, ама гледајќи како сите уплаќаат и тие влегоа во барабанот. Тие кои пробаа, повлекоа првични заработки и се повлекоа, спечалија нешто. Поалчните кои одеа докрај, изгореа, коментираат нашите соговорници, додавајќи дека се надеваат оти ќе ги извлечат заробените пари.

Во меѓувреме, растел интересот за нови апликации за брза заработка. Само што овојпат, наместо кликања за допаѓања за филмови, на големо се купувале пакети, акцелератори што наводно ти ја користат неискористената моќ на телефонот и уште неколку други апликации од типот на „Конти“.

Тие кои на почетокот не верувале, влегле на крај, кога се покажа дека не требало

Во разговор за МИА, кавадарчанецот Александар Димков вели дека бил вработен во „Конти“ и добил канцеларија според нивото што го достигнал во апликацијата, која потекнувала од странство. Тврди дека во интернет групата членувале околу 14 илјади лица, од кои околу осум илјади од Кавадарци.

– Не сум зијан, но, огромна заработка, како што се зборува, немам. Никој точно не знае колку пари се свртеле во „Конти“ во неколку земји, иако се шпекулира со милионски суми во евра. Имам заканувачки повици и пораки, но, никој не е измамен, особено не од мене. Ние само им објаснувавме на луѓето како функционира апликацијата. Во самата апликација стои дека никој не е одговорен, ако не се исплатат заработените пари, поради оправдани причини, подвлечува Димков.

На прашањето дека кај некои од оние кои играле постои загриженост да не им се злоупотребат податоците, бидејќи при регистрирањето на апликацијата, морале да внесат сликана лична карта, Димков вели дека секој своеволно пристапил и никој со сила не бил присилен. За оние кои земале кредити за да учествуваат, тоа било нивна одлука, вели Димков. На почетокот, младите биле повеќе навлечени на играта, а на крајот повозрасните.

– Тие кои на почетокот не веруваа, влегоа на крајот, кога веќе се покажа дека не требало, вели Димков.

Според него, сиромаштијата не била причина да се влезе во игра, бидејќи имало и луѓе со многу пари кои сакале да ризикуваат и да заработат.

– Јас го работев ова со надеж дека во еден нов и модерен свет, ќе им помогнеме на луѓето да заработат, не да изгубат, вели тој.

Инфо-центарот во Кавадарци работел три месеци и сега кога требало да се продолжи договорот за закуп, сопственикот на просторот ја откажал соработката, откако апликацијата имала лош крај.

Неопходни се поголема внимателност и свесност за можниот ризик

Според социологот Валентина Таскова, општествените промени и напредокот на техниката носат нови обиди за измами меѓу луѓето.

– Во овој случај и сличните на него, лицата кои се вклучиле во апликацијата, го правеле тоа доброволно. Нискиот стандард на живот и желбата за повеќе пари без многу работа, се дел од причините поради што се влегувало во игра. Неопходни се поголема внимателност и свесност за можниот ризик, вели Таскова за МИА.

Сличен став има и Анастасија Танева, психолог и лиценциран Гешталт психотерапевт.

– За жал, светот е веќе многу материјалистички насочен и секој на брз начин се стреми да дојде до голема заработка и тоа е првата цел со која се приклучуваат кон ваков тип на заработки преку интернет, вклучувајќи го тоа дека многу голем број од млади лица лесно и брзо влегуваат во ова, поради достапноста и отвореноста кон светот преку социјалните мрежи, вели Танева за МИА.

Додаде дека оваа тема е доста комплексна и за жал во пораст, а со брзината на развојот на технологијата и интернет измамите, очекува да биде и почеста.

TAGGED:конти
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат
Следна статија Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во финалето во Шангај

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

June 1, 2025
Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите…

June 1, 2025

Моќна соларна бура се движи кон Земјата: Последиците може да бидат катастрофални

Во саботата, околу два часот по…

June 1, 2025

На гевгеличанка и украле 20.000 евра

На 31.05.2025 година во 21:30 часот…

June 1, 2025

Американскиот увоз се намали за 20 проценти во април

Увозот на американски стоки се намали…

June 1, 2025

Уште еден моден бренд затвора продавници

Модната куќа Gerry Weber, која со…

June 1, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа…

December 24, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против…

May 9, 2025
НАСЛОВНИСПОРТ

Мајк Тајсон со судиска одлука поразен од Џејк Пол (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58 години) по пауза од 20 години се врати во професионалниот бокс и загуби од 31-година…

November 16, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на…

October 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?