Вработени во ЈСП Скопје соопштуваат дека од попладнево, јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта. Проблемот произлегува од неплатени долгови кон добавувачот „Пуцко петрол“, кој престанал со испорака на гориво.
Во сообраќај ќе останат само автобусите што користат гас – вкупно 25 возила. Автобусите веќе почнале да се исклучуваат од линиите бидејќи и базите во Автокоманда и Ѓорче Петров немаат резерви на гориво.
Од Град Скопје засега нема никакво официјално известување или план за решавање на проблемот.