Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, соопшти МВР.
Тие се осомничени дека запалиле кафеана на 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.
На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, пишува во полицискиот билтен.