До Нова година ќе се донесе нов Закон за игрите на среќи, којшто ќе биде многу радикален, строг и ќе ги порправи вашите грешки, истакна денеска од собраниската говорница, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на пратеничко прашање поставено од пратеничката, Рина Ајдари од ДУИ, а која истакна дека нема ништо од затварањата на казината, кои оваа власт го најавиле.
Меџити во својот одговор истакна дека и птиците знаат кој направил во секоја населба или маало да има казино.
-Оваа Влада има објавено војна на овој бизнис и на првите владини седници ние побаравме автентично толкување и вие почитувани пратеници ќе ни потврдите дека претходната влада, заменик премиерот од претходната Влада на незаконит начин ги потпишал тие договори за казина во Република Македонија. Имајќи го предвид автентичното толкување, донесовме одлука за затворање на тие казина, онлајн казина и од Нова година ќе се донесе Закон за игрите на среќа, вели Меџити.