strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП
МАКЕДОНИЈА

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП

Објавено November 22, 2024 07:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Драги Кушовски, синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.

Сите автобуси што се во возна состојба утре редовно ќе сообраќаат, изјави Кушовски.

За денеска во 14:00/14:30 часот се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи пред бараките на Град Скопје.

Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, синоќа на вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

На почетокот на седницата, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази благодарност до Владата, апелирајќи до советниците да го следат позитивниот пример. За кризата во ЈСП, Арсовска рече дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

– Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои.

-Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.

Одлуката на Владата ја поздрави и координаторката на советничката група од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева, посочувајќи дека ова било предложено решение од страна на СДСМ и побара Советот да донесе заклучок со којшто ќе се поддржат трите предложени решенија.

Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада и со него се уредуваат сервисираните долгови на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе, но сите да го поддржат. Втор предлог е Владата да донесе одлука за доделување субвенции евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме три чекори нанапред. И последниот предлог е со закучокот пратениците во Собранието да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, пак, вели дека тие како советничка група досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но истакна дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие.

– Само оваа година доделивме 645 милиони денари, тоа мислам околу 10 милиони евра субвенции за ЈСП. И претходните години имаме огромна сума доделено субвенции, што значи дека ние како советничка група секако сме гласале за сѐ што е позитивно за ЈСП, но и за останатите претпријатија, рече Стојановски.

Прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз останува отворено, додаде Стојановски, бидејќи, како што рече, ваквата состојба за граѓаните не е само технички проблем, туку резултат на политичките игри.

Порпаролката на Владата Венера Љатифи Азизи изјави дека Владата донела одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со ова, како што појасни таа, се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

– Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, посочи Љатифи Азизи.

Од државното Јавно обвинителство соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Во сообраќај во главниот град изминатите два дена беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта.

TAGGED:Јавен превозјспнафтаСкопје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам
Следна статија Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА

Со вклучени трепкачи дваесетина возила ја поминуваат патарината на автопатот Гостивар-Скопје без да платат. Со албански знамиња на автомобилите, застанати…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете

Георги Величков, еден од жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, херојски се враќал во објектот неколку пати, обидувајќи…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – утре почнува летното сметање на времето

Во Македонија летното сметање на времето почнува на 30 март, откако во два часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно…

June 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?