Полицаец од интервентанта полиција кој го спровел Велибор Манев од полициската станица Кисела Вода до местото каде било закопано телото сведочеше на денешното судење за убиствата на Вања и Панче.
Велибор Манев ги однел полицајците до местото каде бил закопан велешанецот Панче Жежовски.
После испоставата на Македонија пат, Манев им објаснувал каде е закопано телото.
– Кога стигнавме рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки. Патот беше каллив, непрооден, имаше многу дупки, се движевме пешки – рече сведокот.
Потоа, Манев го презеле полицајците од СВР Велес и по 15, 20 минути го вратиле Манев во Кисела вода.