Реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз беше отворена денеска, пет години по катастрофалниот пожар што ја опустоши оваа историска зграда.
Отворањето на катедралата беше емитувано во живо на телевизија, а беше извршено во присуство на Емануел Макрон, претседателот на Франција.
Бисерот на готската архитектура е детално реновиран, нудејќи им на посетителите обновен ентериер, објави Би-Би-Си.
„Дрвата за покривната конструкција доаѓаат од цела Франција, а дел од нив доаѓаат од донации“, рече Макрон.
Претседателот на Франција беше придружуван од сопругата Брижит, како и парискиот надбискуп Лоран Улрих. Официјалното отворање на катедралата е закажано за седми декември, а првата молитва ќе се одржи следниот ден.
Notre-Dame restaurée: la strucutre de la Clôture du chœur dévoilée pic.twitter.com/ls8ag45aGI
— BFM Paris Île-de-France (@BFMParis) November 29, 2024
Реставрацијата на катедралата чинеше 700 милиони евра. Макрон одржа и говор на благодарност до околу 1.300 занаетчии, работници и експерти кои работеа на нејзиното реновирање. Реновираната внатрешност на катедралата била чувана во тајност за време на реновирањето.
Пожарот во Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година, додека се работеше на реконструкција на нејзината надворешност. Последната реконструкција на катедралата била извршена во 50-тите години на минатиот век.
Катастрофалниот пожар уништил поголем дел од внатрешноста на катедралата, а еден од спасените симболи е статуата на Богородица со дете.