strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира
СВЕТ

Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира

Објавено November 30, 2024 08:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Волдимир Зеленски навести дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија, која сега е под негова контрола, биде земена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи да преговара за враќање на остатокот од територијата на дипломатски начин.

Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски беше замолен да одговори на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната би можел да биде Киев да и ги предаде на Москва териториите што ги окупира, во замена за пристапување на Украина во НАТО.

Зеленски рече дека членството во НАТО ќе мора да им се понуди на неокупираните делови на Украина, за да се стави крај на „жешката фаза на војната“, и дека со поканата за членство, НАТО ќе мора да ги признае меѓународно признатите граници на Украина.

Ако сакаме да ја запреме жешката фаза на војната, треба да ја земеме под чадорот на НАТО територијата на Украина што ја имаме под наша контрола“, рече Зеленски.

„Треба да го направиме тоа брзо, а потоа Украина може да ја врати (окупираната) територија преку дипломатски средства“, додаде тој.

Зеленски рече дека прекинот на огнот е потребен за „да се гарантира дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се врати за да заземе повеќе украинска територија.

Тој рече дека НАТО треба веднаш да го покрие делот од Украина што останува под контрола на Киев, што, како што додаде, на Украина и е потребно многу.

Во првото интервју за британските медиуми по победата на Трамп на изборите, Зеленски беше прашан што мисли за него и рече дека Украина мора да соработува со новиот претседател за да има некој што ги поддржува.

„Сакам да работам директно со него, бидејќи тој има различни гласови од луѓето околу него, и затоа треба да не дозволиме никој околу нас да ја уништи нашата комуникација“, рече тој.

Во ова интервју, Зеленски за првпат навести дека договорот за прекин на огнот може да вклучи руска контрола над украинската територија. За време на конфликтот, Зеленски никогаш не кажа дека ќе ѝ отстапи на Русија кој било дел од окупираната украинска територија, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го зазеде во февруари 2014 година и официјално го анектираше следниот месец, пишува „Скај њуз“.

Околу една петтина од територијата на Украина е под руска контрола.

TAGGED:ЗеленскиУкраина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
Следна статија План за Германија на АфД: Излез од ЕУ, укинување на еврото и формирање нова европска заедница

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

СВЕТ

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата…

May 18, 2025
СВЕТ

ВИДЕО| Италијански Ф-35 и руски Сухој имаа блиска средба над Балтичкото Море

Руски ловец пресретна италијански ловец за време на редовна мисија за чување на воздушниот простор на балтичките членки на НАТО…

January 13, 2025
СВЕТ

Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада…

January 12, 2025
СВЕТ

Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава…

March 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?