Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 83 километри од Аланија, популарно турско одморалиште, на длабочина од 30 километри, пренесуваат медиумите во регионот.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
„Зградата се тресеше“, „Беше навистина силен“, „Се тресеше, лустерот се нишаше“, се само дел од коментарите на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ.