Францускиот претседател Емануел Макрон, во вечерашното обраќање до нацијата, се заблагодари на премиерот Мишел Барние, кој денеска поднесе оставка, за неговата посветеност и неподготвеноста да се откаже за време на мандат.
„Мојот претседателски мандат ќе го завршам во целост и во наредните денови ќе именувам нов премиер. Новата ера мора да почне со нови компромиси. Повикот за вонредни избори ова лето е одлука која политичките актери не ја разбраа. Народното Собрание без јасно мнозинство, денеска наложува нов политички метод. Премиерот Барние е соборен, бидејќи екстремната десница и левица се здружија во „антирепублички“ фронт. Приоритет на новиот премиер ќе биде донесување на Буџет преку посебен закон. Потребен ни е нов Буџет на почетокот на наредната година за да се овозможат потребните инвестиции“, порача меѓудругото Макрон.