Сури, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, одеднаш стана богата тинејџерка. 18-годишната Сури, како што дознава Дејли Мејл, неодамна добила значителна сума. Имено, фондот кој го обезбедил нејзиниот татко Том Круз и станал достапен кога на 18 април наполнила 18 години.
„Дел од спогодбата за развод беше тоа што фондот, обезбеден од Том Круз, ќе и биде достапен на Сури кога ќе наполни 18 години, а станува збор за значителна сума. Нејзе ѝ беше дозволен пристап до дел од фондот кога наполни 18 години во април. Остатокот од парите ќе ѝ станат достапни кога ќе ги достигне триесеттите. Фондот е внимателно структуриран за таа да не ги добие сите пари одеднаш и да се преоптоварува“, изјавил извор за Дејли Мејл.
Покрај тоа, Кејти основала сопствен фонд за нејзината единствена ќерка.
„Кејти е финансиски претпазлива и, се разбира, се грижи за својата ќерка. Таа сака нејзината ќерка да биде финансиски обезбедена и да има квалитетен живот”, додава тој.
Според Celebrity Net Worth, Том Круз вреди над 600 милиони долари, додека Кејти 25 милиони долари.