Највисоката месечна плата годинава што ја земал црногорски државјанин, по оданочување, вредна нешто помалку од 140.000 евра или во бруто износ од 187.308 евра, објави порталот Банкар.
Според податоците доставени од Даночната управа, оваа плата била пресметана и исплатена под шифра „неспецијализирана трговија на големо“, објави РТЦГ.
Поради даночна тајна, не можеше да се добијат повеќе информации за оваа плата, но бидејќи оваа сума е евидентирана само еднаш во текот на годината, веројатно се работи за приход во кој имало и бонус.
Рекордна плата е вредна околу 148 просечни плати, кои според последните податоци на Монстат во октомври изнесуваат 944 евра.
Според податоците доставени до порталот Банкар од Даночната управа, дури четворица вработени во Црна Гора годинава примиле плати од над 100.000 евра.
Вториот по големина нето приход бил 130.000 евра, а се работи за физичко лице кое издава недвижен имот.
На трето место е државјанин на Црна Гора, кој се занимава со монетарно посредување со нето приход од околу 113.000 евра.