strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд

Објавено December 7, 2024 12:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори ,денеска испратија отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик.

Меѓу потписниците се и ректорите на три универзитети на албански јазик: Абдулменаф Беџети – УЈИЕ, Јусуф Зејнели – Универзитет во Тетово и Изет Зеќири – Универзитет Мајка Тереза. Исто така, меѓу потписниците има познати професори и актуелни декани на повеќе факултети, меѓу нив го издвојуваме и познатиот лингвист Агим Винца, потоа професорите: Агни Дика, Нури Беџети, Абдула Алиу, Аслан Билали, Сафет Емрули, Ќебир Авзиу, Јетон Шасивари, Фатмире Лумани, Мерсим Максути, Арта Билали, Фадил Зендели, Башким Зибери, Муамет Шехаби, Кенан Ферати, Етем Исени, Ружди Матоши, Фати Исеини. Во продолжение следи писмото:

„Дозволете ни да ја истакнеме нашата чувствителност, човечка и национална, за статусот на нашиот мајчин јазик – албанскиот јазик во Република Северна Македонија како прашање од капитално значење за нас, и веруваме, за сите оние кои и го сакаат доброто na оваа држава. Сосема е природно да се заложиме за целосна рамноправност на албанскиот јазик како јазик за комуникација не само на локално, туку и на национално ниво. Правниот акт од 2019 година го санкционира ваквиот статус на албанскиот јазик во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците. Овој третман е гаранција за еднаквост, лојалност и меѓусебно почитување на граѓаните кон РСМ како држава.

Од она што сме имале можност да го слушнеме од вас, почитувани судии, како и од некои високи политички претставници (како на пример, изјавите на премиерот Мицковски, кој тврди дека ќе се укинат само два-три члена од законот), имаме причина да се сомневаме дека можете да станете учесници во остварување на сценарио со политички мотиви, кое го има за цел токму она што отворено се декларира на највисоко државно ниво.

Со оглед на уставната позиција и улогата што вие ја имате како претставници на највисоката правна институција, која според Уставот е независна и без политички влијанија, продолжуваме да се надеваме дека нема да дозволите остварување на вакви сценарија, кои ги повредуваат чувствата на секој албански државјанин.

Ваквата постапка би ја поткопала довербата на граѓаните, особено на Албанците, во функционирањето на институцијата што ја застапувате и од која се очекува да носи одлуки самостојно, според сопствени убедувања, врз основа на Уставот и законите, а не според политички влијанијe, од било која страна да доаѓале тие.

Го потсетуваме широкото јавно мислење и вас, почитувани судии, дека досегашната работа на Уставниот суд предизвикувала тензии и незадоволство, секогаш кога тој донесувал еднострани и самоволни одлуки, кои довеле до сериозни последици врз меѓуетничките односи и ги нарушувале националната права на Албанците за еднаквост и правда, реализирани на институционален начин.

Доволно е да се потсетиме на пресудите на Уставниот суд од 1997 година, кои доведоа до насилна државна интервенција во општините предводени од легитимно избраните албански градоначалници. Тоа доведе до трагичните настани во Гостивар, каде имаше и човечки жртви.

Вашата совест и вашиот професионализам не треба да дозволуваат да вашите одлуки бидат поттикнувачи на незадоволство или повторување на последици и пресуди со политички мотиви, како оние што ги споменавме погоре. Не треба да се заборави и пресудата од 2007 година, која доведе до оставка на претседателот и еден од албанските членови на Уставниот суд.

Во оваа прилика го изразуваме и нашето несогласување и нашата огорченост во однос на одлуката за укинување на декларирањето на етничка припадност, со која практично се враќаме на времето пред потпишувањето на Охридскиот мировен договор, бидејќи ја елиминира можноста за пренесување правична и соодветна застапеност, што е уставна категорија и што овозможи вклучување на Албанците и другите заедници во институциите. Секој тренд што има за цел, макар и на софистициран начин, да го промени карактерот на државата и да правилното застапување го претвори на само зборови на хартија, ја поткопува меѓуетничката кохезија и ја загрозува меѓусебната доверба во нашата мултиетничка држава.

Општо е верувањето дека горенаведените случаи оставиле длабоки рани во меморијата на Албанците од Република Северна Македонија. Вие, како членови на институција задолжена за заштита на уставниот поредок и на вредностите промовирани со Уставот, особено во однос на взаемното почитување на етничките права во мултиетничкото општество како што е Република Северна Македонија, имате законска обврска за да ги зачувате овие вредности.

Сакаме да веруваме и да се надеваме дека Вашата морална и професионална совест нема да го дозволи загрозувањето на уставните вредности и ќе покаже доволна чувствителност кон веќе стекнатиот статус на јазикот на втората етничка заедница во државата, албанскиот јазик“, стои во писмото.

Писма прати и ДУИ, но до меѓународните фактори.

TAGGED:албански интелектуалциписмоуставен суд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Уште една фабрика во Германија се затвора, малку работници ќе останат
Следна статија Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорен одбор на банка доби кривична пријава: Користел инсајдерски информации за купување акции

На ден 10.10.2024 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши го носат на распит во Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош. Бектеши , кој од…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА

Да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА, порача денеска во своето…

June 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?