Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично најмногу стравував се потврди, ВМРО-ДПМНЕ изговори еден куп невистини за време на кампањата и ништо од ветеното нема да може реално да испорача, порача заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за неделникот Фокус.
-Добивме нарушена безбедност, внатрешни конфликти, економско назадување, брутална партизација на најважните институции во безбедноста, диретктен упад во судството, блокирана европска перспектива и враќање на меѓуетничките односи 20 години наназад.
Владата води дестабилизирачка политика која е анти национална по природа која сериозно загрозува сѐ што сме изградиле како дражва и општество.ВМРО-ДПМНЕ очигледно не е отрезнета од изборната победа и забоарава дека има држава за водење. Заборава дека целата одговорност за стабилноста, безбедноста, здравјето, мирот, напредокот е сега кај нив, рече Фани Каранфилова Пановска.
Во интервјуто Каранфилова Пановска, посочи дека суштината на преземањето на власта е преземање на одговорност, но ВМРО ДПМНЕ постојано бега и ја префрла одговорноста.
„За излегување на состојбата од контрола на прослава на албанско знаме – СДСМ виновен, за неспособноста да се откочи ЕУ интеграција – ЕУ виновна, СДСМ виновен. За слабата економска реализација на проектите и слаба економија – лоша состојба наследиле, итн. Зошто воопшто бараа да бидат на власт тогаш, ако немаат решение на ниеден проблем? Оваа политика е опасна затоа што ваквите политичари секогаш кога ќе се соочат со криза, нема да ја решаваат таа криза туку ќе креираат нова внатрешна криза само да ги покрај своите несупеси“, рече заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска.