ДУИ наместо да почнат да делуваат како реална опозиција, тие се занимаваат со пишување писма, реагира ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека писмата со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи Европјеци.
„Кога станува збор за ДУИ едно е јасно тие се креатори на криминалот во Македонија, а СДС се кумови. ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците во Македонија за да се спаси од криминалните активности. Од криминал никој нема да се спаси. Помина времето на практикување криминал како што беше во времето на СДС и ДУИ. Сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции“, се вели во реакцијата.
ДУИ претходно испрати писма до Соединетите Американски Држави, Европската унија и НАТО, во кое ги повикува да преземат решителни мерки за спречување на поткопувањето на мирот и дестабилизацијата на државата. Коалицијата Влен истакна дека има кој да се грижи за интересите на Албанците во земјата и дека е време за одговорност.