Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз.
Од нејзиниот Кабинет информираа дека таа не заминала во Франција поради дефект на авионот.
„Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова го информираше Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз“, соопштија од Кабинетот на Давкова.
На отворањето на катедралата присуствува државниот врв од голем број земји од светот, а најголемо внимание привлече новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, како и лидерот на Украина, Володимир Зеленски кои заедно со францускиот претседател Макрон остварија средба.