Со измени на Законот за извршување на санкции, на затворениците ќе им биде понуден работен ангажман, ако добијат ќе ги изгубат сите привилегии, вели во интервју за РСЕ в.д. директорот на управата Александар Пандов. Целта е се што е потреба на затворите, да може сами да го произведуваат како порано.
Господине Пандов, кога станавте в.д. директор дадовте изјава дека „куче да се врзе во затворот Шутка ќе попушти со здравје, а не па човек“. Каква е генерално сликата во затворите во земјава?
12 казнено поправни домови и установи има Македонија. Затворот Скопје е еден од нив. Факт е дека цел затвор не е таков. Но, одреден број на ќелии кога го прошетав затворот, имаше графити од 1989 година со пенкало напишани, не е офарбана таа ќелија од тогаш. За жал, се уште директорот Утковски интензивно со материјалните средства кои ги поседува ќелија по ќелија ги реновира. Но, има уште неколку ќелии во затворот. Пак ќе го кажам истото – куче да врзете таму не знам колку ќе издржи.
Во однос на другите затвори?
Имаме затвори кои се европски затвори, имаме воспитно поправен дом во Тетово во Волковија за малолетни престапници кој е буквално европски затвор. За него можам да посочам и одговорно да тврдам дека 80 насто од дечињата дома во Македонија немаат такви услови како што имаат децата таму. Тоа е супер нов затвор пуштен во 2020 година. Затворот Куманово е релативно нов затвор. Отвореното и полуотвореното Одделение во Идризово се супер солидни. Тие се исто пушени во 2018 година.
Повеќе на РСЕ