Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск.
Набрзо тие упаднаа во палатата на Асад во Дамаск, каде што, како што пренесе АФП, запалиле една сала.
Илјадници луѓе се собраа во Дамаск за да го прослават ослободувањето од династијата Асад, извикувајќи „Слобода“ на главниот плоштад во градот. Премиерот Мохамад Гази ал Џалали повика на слободни избори, нагласувајќи ја потребата од демократски реформи.
Во моментот на преземање на главниот град, бунтовниците отидоа и во приватната палата на Асад во областа Малкех, каде што ги пребараа просториите и ги земаа работите. На снимките и фотографиите од местото на настанот се гледа како луѓето слободно шетаат низ луксузните простории, додека некои, револтирани од владеењето на Асад, уништуваат инвентар и крадат вредни предмети.
На едно од видеата наводно се гледа собата на ќерката на Башар ал Асад. Шкафовите се отвораат, работите се исфрлаат низ собата.
Авионот за кој се верува дека го превезувал сирискиот претседател Башар ал Асад исчезнал од радарите, а некои сириски извори сега тврдат дека е можно Асад да го загубил животот при падот на авионот.
Авионот на Сирија ер полета од аеродромот во Дамаск во исто време кога бунтовниците објавија дека го зазеле главниот град.
Русија објави дека Асад поднел оставка и ја напуштил Сирија.
🇸🇾 Syrians loot Assad’s palace!
They grab all they can. pic.twitter.com/22KEoEwE7t
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 8, 2024