Папата Франциск денеска ја осуди економската нееднаквост во светот, истакнувајќи дека „нема никаква корист“ од финансискиот раст на развиените земји, додека остатокот од светот „умира во војни и од глад“.
– Каква е користа од високиот финансиски раст во привилегираните земји, ако половина од светот умира од глад и војна, додека останатите набљудуваат рамнодушно? праша тој.
Папата исто така нагласи дека парите и „лажните“ виртуелни контакти не можат да донесат задоволство ако срцата се „празни“ и „студени“, пренесува Анса.
На миса во Ватикан, по повод празникот на Безгрешното зачнување на Дева Марија, тој додаде дека „нема спасение без жените, бидејќи и Црквата е женски род“