strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби

Објавено December 8, 2024 20:29
strana.mk
Сподели
Сподели

Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја направиме пристојно место за живеење мора да се навратиме на вредностите на Свети Климент Охридски, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, што се одржа вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Силјановска Давкова оцени дека сите треба да сме сплотени околу светикиментовите заложби и да им помогнеме на современите ранливи категории – на социјалните случаи, бездомниците, бегалците, жртвите на семејното насилство, непријавените работници.

Се осврна на делата на Свети Климент посочувајќи дека од Охридската книжева школа произлегле 3 500 ученици кои станале учители на словенството, неговите манастири станале чувари на временскиот и просторниот континуитет на македонскиот јазик, Охрид бил издигнат на ранг на архиепископија, … но оти најголемото негово дело е духовното и етичкото воздигнување на народите.

– Свети Климент со своите слова и поуки настојувал да изгради нов човек со нови благородни навики и речиси и да нема светиклиментова проповед без повик за одговорно однесување кон ближните и тие што страдаат. На народот му дал духовен и етички компас за да може полесно да се ориентира во столетијата во кои се менувале царства, власти и системи и да опстане во сите средини, посочи претседателката.

Сепак, забележа таа, 11 века подоцна вредностите и навиките всадени од Свети Климент исчезнуваат пред нашите очи и живееме во време на нарушени меѓучовечки односи, наместо хуманост и дарежливост се пораширена е опседнатоста со парите, статусот и себељубието.

– Ова е време во кое чесните се игнорирани, додека аздисаните се емитирани. Во Европа сме во последните според нивото волонетерство и на граѓански активизам. Како што корупцијата го загрозува владеењето на правото, така и експлоатацијата ги загадува почвите, водите, воздухот. Сведоци сме на повеќедецениска трка за узрурпирање на јавниот простор и присвојување на општото добро. Сето тоа на штета на иднината на младите генерации. Овие состојби не се сегашни, туку не следат со години и децении, а сега добиваат алармантни пропорции. Причините не треба да ги бараме само кај нас. Блокадите и билатерализацијата на европската интеграција не заглави во оваа европска периферија неречена Западен Балкан од која масовно се иселуваат сите млади. На некој начин како да се враќаме во предклиментовото време и како забрзано да се претворивме во општество во кое хуманото „ние“ и „наше“ е потиснато од себичното „јас“ и „мое“, рече претседателката.

Порача дека пред нас е голема задача оваа периферија повторно да ја претвориме во центар на образованието, културата, уметноста, на иновативоста, креативоста.

– Мора напорно и пожртвувано да работиме на секое поле, да ја развиваме економијата, да обебзедиме владеење на правото, да изградиме функционални институции, рече претседателката истакнувајќи дека за да го направиме тоа треба да се навратиме на вонвременските светиклиментови пораки за правдата наспроти неправдата и за солидарноста наспроти себичноста.

Денешниот празник, посочи претседателката, е повод да се сетиме дека не треба да чекаме да дојде некој нов Свети Климент, бидејќи тој живее во нас, треба да го разбудиме светиклиментовото во секој од нас, треба одново да станеме светиклиментови ученици, да се потсетиме на неговата животна филозофија и да ја пренесеме на нашите ученици.

-Со тоа ќе им овозможиме самите еден ден да станат учители. На сегашните и на идните геренерации да им помогнеме да напредуваат само со своите знаења, вештини, квалитети, а не со врски, протекции. Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја направиме пристојно место за живеење мора да се навратиме на вредностите на Свети Климент Охридски. Верувам дека само така ќе можеме да се наречеме вистински наследници на нашиот голем учител, светител и просветител Свети Климент Охридски, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова.

На академијата се обрати и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г Стефан, а присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, членови на Владата, поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, пратеници, претставници на државни институции, судската власт, на дипломатскиот кор, академската заедница…

TAGGED:гордана силјановска давковасвети климент охридски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Членови на ДУИ ќе кампуваат пред Уставен до среда, ќе го бранеле албанскиот јазик
Следна статија Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно…

June 19, 2025

(ВИДЕО) Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Крстевски и СДС се…

June 19, 2025

Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот…

June 19, 2025

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

Кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите од вчерашното соопштение на политичката партија Демократската унија за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот

Обврската за Македонија за впишување на Бугарите во Уставот останува. Ова е ставот на, Марта Кос, која попладнево ја доби…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила

 Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска бил во посета на Граничниот премин…

April 18, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?