Еден од најзначајните беше говорот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи пред 16 години на седницата на Арапската лига, кога тој предупреди за можната судбина на лидерите во регионот. На таа средба, Башар ал Асад беше еден од оние кои се потсмеваа на зборовите на Гадафи – иронично, неговата денешна позиција изгледа речиси идентична со она за што зборуваше Гадафи во тоа време.
За време на седницата на Арапската лига во 2008 година, Моамер Гадафи даде неколку провокативни коментари кои вклучуваа критики на арапските лидери од тоа време, предупредувајќи ги на опасност од странски интервенции и заговори.
Неговите зборови предизвикаа потсмев кај публиката, вклучително и од сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој потоа гледаше со очигледно неверување. Токму оваа сцена сега е особено симболична, бидејќи Асад беше сменет, побегна во Москва и ги остави луѓето на бунтовниците.
Погледнете
🇱🇾🇸🇾 “Your turn is next,” Gaddafi told Arab leaders.
Bashar al-Assad burst out laughing when Gaddafi warned Arab leaders in 2008 Arab League summit in Damascus that their end is near
pic.twitter.com/M3PXHHGnPt
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 8, 2024