По објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на Стејт департментот, во официјален статус амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, порача дека „политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира“.
Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.