Бујар Османи буквално избега од интервју кога среде емисија ја чу веста за Артан Груби на Црна листа на САД. Арбр Адеми остана, со збунет лик. Двајцата, демек беа на „стража“ пред Уставен. Велат, повеќе не биле таму. Кој знае зошто…
Американскиот Стејт департмент вчера ги стави на црната листа поранешниот вицепремиер на Северна Македонија Артан Груби и судијата за Апелационен суд, Енвер Беџети. Оваа одлука беше објавена на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ден кој има за цел да ја зголеми свеста за важноста на борбата против корупцијата на глобално ниво, и во пресрет на Денот на човековите права, што ја истакнува важноста на основните права и слободи за сите луѓе.
Оваа вест ја дознаа и министрите Бујар Османи и Арбер Адеми во емисијата на ТВ21, кога беше објавено дека Артан Груби е ставен на црната листа на САД.
Нивната реакција беше јасна, оосбено заминувањето на Бујар Османи, а нивното лице откриваше изненадување.