Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи поранешниот специјален пратеник за Западен Балкан Ричард Гренел за специјален пратеник за Иран, изјавија два добро информирани извори за Ројтерс.
„Тој дефинитивно е во игра“, рекол неименуваниот извор.
Изворите наведоа и дека Трамп се уште нема донесено конечна одлука за назначувањето функционери во неговата нова администрација, како и за американската стратегија за Иран, односно дали ќе бидат воведени нови санкции кон Техеран или дали ќе продолжи со дипломатските напори да спречи Иран да ја прошири својата нуклеарна програма на производство на нуклеарно оружје.