Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска соопшти детали за акцијата организирана утрово за криминал во Државна лотарија.
Тој посочи дека имало кривични пријави против поранешен премиер и поранешен вицепремиер.
„Поднесена пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лцие, и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот“, изјави Тошковски, кој прашан за кои две лица станува збор, рече:
„Многу добро знае јавноста кои се тие две лица. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка“, изјави Тошковски.