Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека минатата власт целосно го промашила проектот на објектот попознат како „стара Комерцијална банка“ кој пред неколку години целосно изгоре во пожар.
Томовски: Имаше оглас за реновирање. Кога се реновира се објавува тендер за реновирање. Проектантите кои го изведувале проектот не се влезени внатре да утврдат фактичка состојба туку дома си правеле проект. Па така ако треба да најдете скали ќе најдете лифт. Проектот е комплетно промашен. Би биле среќни ако со 20 проценти анекс успееме да го завршиме овој проект. Планот е до февруари-март поголемиот дел од објектот да го ставиме во употреба.