Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас.
-Во Брисел имав средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите, информира Мицкоски.