Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб.
Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, јавија загрепските медиуми.
Ранетата наставничка со хеликоптер е однесена во болница.
Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.