strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа
МАКЕДОНИЈА

Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа

Објавено December 20, 2024 12:26
strana.mk
Сподели
Сподели

Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби вода. Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со ул. „Никола Парапунов“ ќе се изврши: Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров, Репарација на затварач Ф600мм на мост „Обединети нации“ кој тече, Заптивање на затварач Ф700мм на булевар „Партизански одреди“ кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта, Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул. „Никола Парапунов“ и Замена на 4 водушни вентили“, стои во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Оттаму посочуваат дека согласно Оперативниот план за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот, се вели во соопштението.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелираат да се внимава во изнесувањето информации и да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните за неколкучасовното немање вода.

Овој сериозен зафат се презема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти. За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата, нагласуваат од „Водовод и канализација“.
Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје.

За граѓаните се препорачува – складирање на вода најмалку 4 литри вода по лице на ден, да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење…

Без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот, освен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, посочуваат од претпријатието.
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Како што појаснија, станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани.

Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Никола Парапунов“.

Потенцираат дека системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вторникот на акцијата за засадување на дрва кај новиот Мега Парк во општина Карпош, во врска со најавениот прекин рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.

Во одговор на новинарско прашање, Арсовска рече дека очекува санацијата на дефектот да биде завршена во текот на едно деноноќие, односно како што рече, согласно планот изготвен од страна на техничките лица од јавните скопски претпријатија, санацијата се очекува да биде завршена во што е можно во пократок рок.

TAGGED:водаскопје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола
Следна статија Едно дете починало, повеќе се повредени во нападот во основното училиште во Загреб

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025
Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на…

June 19, 2025

Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка

Тежок инцидент се случи денеска во…

June 19, 2025

(Видео) Иранска балистичка ракета погоди облакодер во центарот на Тел Авив

Иранска балистичка ракета ја погоди основата…

June 19, 2025

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи, чекор по чекор ќе ја промениме ситуацијата од корен

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

Се интензивира истрагата за злоупотребите во Службата за општи и заеднички работи во време кога на чело бил поранешниот директор Пеце…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски е недостапен…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини

Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за…

October 18, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?