Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени за 11 насто, а месечната промена октомври-ноември е 0,9 насто. Движењата се главно стимулирани од штедачките навики на граѓаните. Истовремено, кредитирањето бележи раст по нагорна линија од 9,7 проценти, а минатот месец поместувањето е за 0,7 проценти, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Или, со ноември, вкупната кредитна поддршка е во износ од 481.410 милиони денари, односно 7,82 милијарди евра.
Кај секторот домаќинства, според ноемврискит извештај на Народната банка, забележан е месечен раст на депозитите од 1,9%, додека годишниот е 13,3%/. А, произлегува од зголемените депозитни пари и долгорочните депозити. Притоа, на нивните сметки има вкупно 381.857 милиони денари, што е еднакво на 6,2 милијарди евра.
За еден месец кредитите одобрени на населението се зголемени за 0,7% како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво се работи за дополнителни 8,2%, каде што доминираат задолжувањата во денари. Сумата со која се задолжени граѓаните е 246.867 милиони денари (над четири милијарди евра).
Најактуелните – потрошувачките кредити, достигнуваат износ од 127.183 милиони денари или нешто повеќе од две милијарди евра. Месечниот раст е 0,7%, а годишниот 7,3%.
За решавање на станбеното прашање се употребени 92.301 милион денари (1,5 милијарди евра). Кај нив двиѓењата се 1,2% месечно и 11,6% годишно. (Пари.мк)