Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале животи по терористичкиот напад во Магдебург има и една жена лекар од Македонија пренесува експрес.мк.
Елена Михајловска е лекар анестезиолог која вчера не била на смена но доброволно отишла да помогне на тријажа на над 70 тешко поведени луѓе кои беа прегазени на Божиќниот панаѓур во Магдебург.
Извори во македонската заедница во Магдебург велат скромната Елена е по потекло од скопското село Стајковци а пред заминување за Германија работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) на скопскиот клинички центар.
Анестезиологот Михајловска самата сакала да го посети Божиќниот панаѓур во Магдебург а кога разбрала што се случило веднаш се упатила да им помогне на своите колеги во болницата каде биле примени најголем дел од повредените во терористичкиот напад.
Македонската амбасада во Германија вчера објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.
-Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.