Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош удри во болница во Мугла, Турција
Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради густа магла.
Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот, јавуваат турските медиуми.
“Хеликоптерот се урна во болницата при полетување. Имаше густа магла, се истражува причината за несреќата. Четворица членови на нашиот персонал загинаа. Од тука полета за да замине за Анталија. Нема проблем во болницата. Несреќата се случила кога хеликоптерот излетал од пистата“, изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.
На социјалните мрежи се појави последното видео од хеликоптерот пред несреќата. На него се гледа како хеликоптерот полетува, а потоа исчезнува во густа магла, по што најверојатно се урнал.
#SonDakika
🚨⚡ SICAK GELİŞME – Muğla Eğitim ve Araştırma Hastanesi’ne düşen helikopterin kalkış anında çekildiği görüntüler: pic.twitter.com/u5F0sgq4o9
— Dış Ses (@disseshaber) December 22, 2024