strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер
ПОЛИТИКА

Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер

Објавено December 22, 2024 16:48
strana.mk
Сподели
Сподели

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија се со цел да се задржи СДС ден повеќе на власт.

„Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски с е согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија“ истакна Милошоски и додеде:

„Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце“ потенцира Милошоски.

Милошоски посочи дека Венко Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер, туку тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт.

„Доколку не постоеше поддршката од ДУИ во време кога СДС го имаше најнискиот рејтинг во 2023 2023 година Филипче немаше да биде министер, Ковачевски немаше да биде премиер, СДС немаше да биде на власт. Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДС и нему лично да се задржат на власт. А нивното задржување на власт било битно за да можат да работат на одредени набавки на Онкологија, на одредени набавки во РЕК Битола на одредени царински постапки, набавки во други институции и затоа сметам дека не треба да се очекува од Венко Филипче да се огради од Артан Груби затоа што Груби му помогнал и на Филипче и на Ковачевски и на целото СДС да останат на власт во моментите кога немале легитимитет и немале капацитет да бидат на власт.

Имаме феномен на партија која што 21 година ниеден функционер од таа партија, од ДУИ не бил соочен со одговорност пред правосудните органи.

Милошоски апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.

„Беше скандалот со клиниката за Онкологија, сметам дека тие материјали кои што тогаш ги обезбедивме и се јавно достапни до обвинителството можат многу да им послужат на обвинителите доколку имаат намера да го расчистат овој случај за предистрага или истрага во случајот со Онкологија. Имаше силни индиции дека главниот и движечки фактор на Онкологија биле набавките високите тендери и една доминантна веледрогерија, а за тоа според законот морал да знае тогашниот министер за здравство Венко Филипче и директорите. Би апелирал до надлежните институции и до обвинителството да се позанимаваат со овој случај“ истакна Милошоски.

TAGGED:милошоскиФилипче
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски
Следна статија (Фото) Путин ѝ се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност

На денешната емисија ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако…

January 16, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?