strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник
МАКЕДОНИЈА

Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник

Објавено December 23, 2024 12:39
strana.mk
Сподели
Сподели

Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

На консултативен настан во Битола на кој учествуваа градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион, министерот Перински нагласи дека со новото законско решение ќе се модернизира актуелниот Закон за локална самоуправа.

Станува збор за системски Закон за кој што се потребни две третини од Собранието и секако Бадентер за негово донесување. Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа. Свативме дека актуелното законско решение треба да се модернизира и адаптира врз основа на модерните услови на живеење. На овој начин ќе се превенираат девијантни појави на мала група граѓани кои што секојдневно несоодветно депонираат и одлагаат отпад, несоодветно постапуваат со урбаната опрема за која што локалните самоуправи издвојуваат значајни средства од своите буџети и во таа смисла сакаме да го корегираме и превенираме тоа однесување за да имаме поубаво место на живеење, изјави министерот Перински.

На првиот консултатитивен состанок со градоначалници, други претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, министерот за локална самоуправа истакна дека предлозите за измени во Законот за локална самоуправа се одвиваат во транспарентен, инклузивен и јавен процес во кој се вклучени сите засегнати страни.

Верувам дека само преку вака отворен процес ќе можеме да ги подобриме и зголемиме квалитетите на услугите што се испорачуваат од локалните самоуправи кон граѓаните, а со тоа ќе го подигнеме нивото на секојдневното функционирање на самите локални самоуправи. Овој процес е безрезервно поддржан од УНДП и Швајцарската Влада преку амбасадата на Швајцарија. Убеден сум дека ова системско решение ќе го подобриме и ќе ги подобриме условите во кои што функционираат локалните самоуправи, посочи Перински.

За потребата од измени и дополнување на Законот за локална самоуправа, свои стручни мислења искажаа експерите Мемет Мемети, Гордан Ѓоргиев и Александар Спасеновски.

Важно е да се истакне фактот дека актуелниот Закон е законско решение кое го издржа тестот на времето, а со текот на времето како резултат на неговата долготрајна примена, се појавија серија на аномалии и забелешки кои со новите измени и дополнувања сакаме да ги адресираме. Со помош на Министерството за локална самоуправа, како резултат на овој широк инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени градоначалниците и други носители на јавни функции што имаат надлежности врзани со локалната самоуправа, очекуваме да добиеме финален предлог што ќе биде предложен до Собранието. Венецијанската комисија како експертско тело долго време се занимава со прашањето за отповик на градоначалниците. Република Македонија има такво искуство со претходниот Закон за локална самоуправа. Врз основа на највисоките стандарди на Советот на Европа преку Венецијанската комисија, и врз основа на нашето искуство, ќе се обидеме низ овој широк консултативен процес да најдеме оптимизирано законско решение, со начин како да се рефлектира довербата или недовербата на градоначалниците кое што ќе гарантира дека во иднина нема да има некакви злоупотреби, истакна универзитетскиот професор Спасеновски.

Јавна поддршка за процесот на измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа искажа градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој воедно беше домаќин на денешниот консултативен настан. 

TAGGED:перински
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Следна статија Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во…

June 19, 2025
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025

Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба…

June 21, 2025

Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга,…

June 21, 2025

Претседателот на ФФМ се сретна со првиот човек на ФИФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија…

June 21, 2025

Македонка почина на плажа во Грција

Жена од Македонија починала на плажа…

June 21, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАЈНОВИ

Дванаесет деца и 31 возрасен побарале помош поради вдишан чад во денешниот пожар во Чаир

Во голем пожар кој избувна во скопски Чаир, повеќе од триесет лица побарале лекарска помош, а од кои повеќето се…

October 2, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5

Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27, 8 отсто, покажала најновата анкета на ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Според…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер

 Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

 Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста…

March 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?