strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СПОРТ > Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година
СПОРТ

Кикбоксерот Илиоски и таеквондистката Рељиќ се најдобри македонски спортисти за 2024 година

Објавено December 25, 2024 21:32
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е кикбоксерот Бобан Илиоски, а спортистка на годината е таеквондистката Милијана Релиќ.

Илиоски го освои 1-то место во категоријата до 86 килограми на Европското првенство во кикбокс маитаи, одржано во Атина, додека Релиќ стигна до четвртфиналето на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Во категоријата млад спортист на годината, наградата ја доби Силвио Мировски за неговото прво место во кикбокс маитаи во категоријата до 71 килограм на Светското првенство во Будимпешта. Млада спортистка на годината е ракометарката Ива Младеновска, која со својот тим го освои 18-то место на Европското првенство што се одржа во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Најуспешен машки национален тим е ракометниот национален тим-сениори, кој го освои 17-то место на Европското првенство во Германија. Најуспешен женски национален тим е ракометниот национален тим-сениорки, кој го освои 18-то место на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Наградата за најуспешен спортист со инвалидитет ја доби стрелачката Оливера Наковска Бикова за нејзините две осми места во финалето на 10 метри воздушен пиштол и 25 метри спортски пиштол на Параолимписките игри 2024 во Париз.

Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е Кирил Лазаров, кој ја водеше ракометната репрезентација, а најуспешна национална спортска федерација е Таеквондо федерацијата.

Признанието за најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта го доби Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје, а најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта е Средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица.

Најуспешна универзитетска екипа за оваа година е машката кошаркарска екипа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Специјално признание за достоинствено претставување на земјава на олимписките игри, светските и европските првенства, Лига на шампионите и на бројни меѓународни ракометни натпревари добија ракометните судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Откритие на годината за талентиран млад спортист кадет е Теодор Стојановски, кој освои сребрен медал на Европското таеквондо првенство за кадети.

TAGGED:бобан илиоскимилијана релиќспортисти на годината
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ништо не е спонтано: „Блокадна кухарица“ е насловот на хрватската книга по која протестираат студентите во Белград
Следна статија Патниците се молат – се појави снимка пред да се урне азербејџанскиот авион

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

СПОРТ

Мициќ го избра Хапоел и стави крај на шпекулациите

Српскиот кошаркар Василије Мициќ (31) е нов член на Хапоел, потврди клубот од Тел Авив.  По неколку недели шпекулации за…

July 17, 2025
СПОРТ

Навивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!

Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, од која голем дел ќебидат во Скопје на мечот со Македонија, преку социјалните…

March 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Консеисао го реши Дерби д’Италија – Јуве го победи Интер

Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1:0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе…

February 17, 2025
СПОРТ

Шахистот Каспаров испрати порака до Путин

Еден од најголемите шахисти во историјата и некогаш најмлад повеќекратен светски шампион, Гари Каспаров, во интервју за „Јутарњи лист“ изјави…

January 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?