Финасиската полиција го уапсила Артан Ајрули од Куманово сопственик на фирмата ,,Ритрон Копи“ во истрагата во врска со Лотарија
Државната Лотарија од оваа фирма склучила шест договори за набавка на телевизори, комјутерска и комуникациска опрема, мултифункционални уреди и графички станици за ТВ извлекување.
Вкупната вредност на набавките е 370 000 евра. Ајрули е внук на пратеникот Елми Азири од ,,Европскиот фронт“, а сопственикот на оваа фирма како што пишуваше Радио Слободна Европа има и заеднички фотографии со сега бараниот на меѓународна потерница Перпарим Бајрами (поранешен директор на Лотарија).
Со потерница се бара и поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е опфатен со истата истрага.