strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари
МАКЕДОНИЈА

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари

Објавено December 26, 2024 16:31
strana.mk
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки во врска со случајот „Државна лотарија“. Според пријавата, буџетот бил оштетен за над 22 милиони денари.

Како што стои во соопштението од Управата за финансиска полиција, првопријавениот П.Б., како Генерален директор на Државната лотарија, одобрил исплата на фактури со невистинита содржина, овозможувајќи противправна имотна корист од 3.102.015 денари. Второпријавениот А.А., сопственик на РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, заедно со П.Б., ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка, стекнувајќи противправна имотна корист од 12.980.000 денари. Третопријавениот С.Р. и четвртопријавениот М.З. потврдиле прием на опрема која не била евидентирана, оштетувајќи го буџетот на Државната лотарија за 6.772.283 денари.

Управата за финансиска полиција, информира дека до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднела кривична пријава против П.Б. во својство на Председател на Управен одбор-Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 в.в. став 1 од Кривичен законик, против А.А. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 вв став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. со став 1 од Кривичен законик, против С.Р. во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик, против М.З . во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, во периодот 2023 – 2024 поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик и против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 4 в.в. став 1 од Кривичен законик.

Првопријавениот П. Б. во својство на Претседател на Управниот одбор – Генерален директор на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во период од 2022 до 2024 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања и со свој потпис одобрил исплата на фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема, кои фактури биле изготвени од второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, иако истите биле свесни дека наведените телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во фактурите не биле испорачани согласно предвидените модели во склучените договори за јавни набавки со АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија и на тој начин му овозможиле на второпријавениот А. А. и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вредност од 3.102.015,00 денари, што претставува штета на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија.

Второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово заедно со првопријавениот П. Б, во период од 2022 до 2024 година, ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка на начин што користејќи ги блиските пријателски односи однапред ги прилагодиле техничките спецификации за набавка на телевизори со цел да се осигураат дека за најповолен понудувач ќе биде избран петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово и се договориле какви типови, модели и количина на телевизори ќе се нарачуваат по основ на јавните набавки објавени од страна на Државна лотарија пред воопшто да бидат објавени постапките за јавни набавки. Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки и тоа со број на оглас 15018/2022, 05226/2023 и 13530/2023 на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари.

Третопријавениот С. Р, во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил 107 телевизори од различни модели за организирање на електронски игри на среќа во вкупна вредност од 5.008.562,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратници и записници за прием на телевизори кои што воопшто не се евидентирани во магацинот и кои што по извршениот вонреден попис не постојат и не може физички да се пронајдат во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ, ниту пак во деловните простории на деловните соработници.

Четвртопријавениот М.З , во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вкупна вредност од 1.763.720,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратиници и записници за прием на истите, кои што по извршениот вонреден попис воопшто не се евидентирани во магацинот, ниту пак во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ.

Со вака преземените дејствија, третопријавениот С. Р , во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија и четвртопријавениот М. З, во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија го оштетиле на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија во вкупна вредност од 6.772.283,00 денари, се вели во соопштението од Финансова полиција.

TAGGED:Државна лотаријафинаниска полиција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места
Следна статија Што го одбележа светот во годината што изминува: Победата на Трамп и подемот на десницата во Европа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Обезбедена помош од државата – Еве кои категории на ранливи граѓани ќе добијат помош за сметките за струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални…

July 31, 2025

РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА USLUGI.GOV.MK Апел од Андоновски до сите млади да се подготват за ваучер за лаптоп или таблет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,…

July 31, 2025

Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите…

July 31, 2025

(Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул

Виктор Осимен ќе го предводи нападот…

July 31, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, осомничени повеќе од 20 лица (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски истакна поддршка денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

Се интензивира истрагата за злоупотребите во Службата за општи и заеднички работи во време кога на чело бил поранешниот директор Пеце…

February 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?