strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
ХРОНИКА

Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ

Објавено December 30, 2024 13:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првоосомничен во предметот е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој заедно со три службени лица од Бирото за јавни набавки и четири лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки, овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист од 622.981.190 денари.

Како што соопштуваат од ЈО, првиот осомничен објавил оглас за јавна набавка за изградба на инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица. Два економски оператори доставиле понуди, од кои една компанија понудила повисока цена, но пократок рок за изведба и била избрана. Трите лица од Бирото за јавни набавки не ја извршиле својата должност за контрола на тендерската документација и доставиле записник со кој дозволиле постапката да продолжи, стои во соопштението од Обвинителството.

Првиот осомничен, по претходно донесена одлука, објавил оглас за јавна набавка за изградба на основна внатрешна инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица. На објавениот оглас во предвидениот законски рок се јавиле два заинтересирани економски оператори кои доставиле понуди со предвидените критериуми. Една од компаниите понудила повисока цена, но драстично пократок рок на изведба на работите во календарски денови, врз основа на што таа била избрана за изведувач. Трите лица од Бирото за јавни набавки – Комисија за вршење управна контрола, не извршиле контрола на исполнетоста на условите од тендерската документација по однос на техничката и професионална способност за изведување на предвидените работи, како и по однос на рокот на изведба на работите како критериум за квалитет. Тие не ги увиделе неправилностите и до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје, доставиле записник од извршена управна контрола со дадено мислење дека договорниот орган може да продолжи со постапката за јавна набавка, стои во соопштението од Обвинителстото.

Вториот учесник во постапката, како што дополнуваат, поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, но таму претседателот и три члена го игнорирале доставениот стручен наод и мислење од вешто лице од областа на градежништвото кој бил основа за жалбените наводи, па донеле решение со кое жалбата на другиот економски оператор ја одбиле поради неоснованост. На тој начин, Дирекцијата склучила договор со избраната фирма за изградба на основна внатрешна инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица со рок на изведба од 120 календарски дена од моментот на воведување во работа.

-Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за 84.688.628 денари или 19,77% од основниот договор и дополнително го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за дополнителни 34.921.240 денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите. Кога фирмата не го испочитувала дадениот рок од 120 календарски дена за изведба, кој бил најважен услов за добивање на зделката, осомничениот директор не презел службени дејствија во насока на раскинување на Договорот за јавна набавка, активирање на доставените банкарски гаранции и наплата на договорна казна преку пенали за доцнењето при изведбата, дополнуваат оттаму.

Со неизвршување на нивната службена должност, според ЈО, осомничените придонеле правното лице да ја добие јавната набавка врз основа на нереално низок понуден рок за изведба кој фирмата не успеала да го реализира, а со значително повисока цена од нејзиниот конкурент, па на тој начин тие за правното лице прибавиле противправна имотна корист.

Од ЈО наведуваат дека врз основа на известувањата од финансиските институции, побарале привремено одземање на имот и предмети заради нивно обезбедување со цел идна конфискација. Предложено е замрзнување на недвижен имот во Карпош и Кисела Вода, забрана за располагање со средства од четири трансакциски сметки и забрана за располагање со подвижен имот во сопственост на правното лице.

-Имајќи ги предвид известувањата од финансиските институции за моменталната финансиската состојба според кои правното лице застапувано од неговиот управител е краен корисник на противправната имотна корист прибавена со стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави барање за привремено одземање на имот и предмети заради нивно обезбедување со цел идна конфискација.Со мерката, Основното јавно обвинителство Скопје предлага замрзнување – хипотека на недвижен имот во Карпош и Кисела Вода, забрана за располагање со средства од четири трансакциски сметки (три на физичко и една на правно лице), како и забрана за располагање со список подвижен имот во сопственост на правното лице (две патнички, осум товарни возила, кипери и градежна опрема), велат од ЈО.

Освен ова, по предлог на јавниот обвинител, Судот му го одзеде пасошот на осомничениот кој во моментот на сторување на делото ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје.

TAGGED:јован деспотовскиОбвинителство
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството
Следна статија Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

Ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на под и ја давел до смрт: Ужасни детали за убиството во во Штип

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари,…

January 16, 2025
ХРОНИКА

Притвор за 23-годишен педофил, нападнал 11-годишно дете од Желино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение…

January 4, 2025
ХРОНИКА

Загина скопјанец откако со возило излетал од патот Велес-Скопје

Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма,…

December 4, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?