strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци
ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

Објавено December 31, 2024 15:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 177.6 килограми и компир – 69.5 кг. Од месо најмногу живина – 44.6 кг, како и 15.9 килограми риба. Домаќинствата во просек испиле 180.7 литри безалкохолни пијалаци и 34,6  литри алкохолни. Изеле и 21,8 килограми чоколади и кекс и испиле 8,1 килограми кафе и какао. За сообраќај оделе 5,9 проценти од домашниот буџет, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Република Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.

Најголем дел од домашниот буџет домаќинствата во просек трошеле на лична потрошувачка – 315 219 денари или 98,1 процент, потоа за отплата на кредити и заеми – 3 855 денари или 1,2 проценти, за загуби, подароци и слично – 853 денари или 0,3 проценти, за штедење – 718 денари и за членарина, даноци, царини и слично – 602 денари или 0,2 проценти од домашниот буџет, додека за издатоци за стан, куќа и имот само 127 денари.

Во делот на личната потрошувачка, најмногу средства или во просек над половина од вкупно потрошените домаќинствата одвојувале на храна и безалкохолни пијалаци – 160 987 денари, потоа за станарина и режиски трошоци – 28 655 денари или 8,9 отсто, за сообраќај – 18 854 денари или 5,9 проценти, за алкохолни пијалаци и тутун – 17 893 денар или 5,7 отсто, за останати стоки и услуги – 17 893 денари или 5,6 проценти, за облека и обувки – 14 368 денари или 5,2 отсто,  за покуќнина и одржување на домот – 17 952 денари или 4,4 проценти,  за ресторани и хотели – 12 922 денари или 4 отсто, за здравје – 10 573 денари или 3,7 проценти, за комуникации – 9 795 денари или 3 отсто, за рекреација и култура – 4 764 денари или 1,5 отсто и за образование – 313 денари или 0,1 процент од средствата за лична потрошувачка.

Само за храна домаќинствата во 2023 година во просек трошеле 144 900 денари, од кои најмногу за месо – 35 780 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 30 421 денари, за производи од жито – 24 946денари, за зеленчук – 21 135денари, за овошје – 10 087денар, за шеќер и чоколади – 6 584 денари, за масло – 5 646 денари, други прехранбени производи – 6 024денари, и за риба – 4 278 денари.

Најмногу во домаќинствата се јадело леб – 177,6 кг, потоа компир – 69.5 кг и јужно овошје – 64 кг, додека од месо најмногу се јадело живина – 44.6 кг, потоа преработки од месо – 37.4 кг, па свинско – 23.7 кг и говедско, телешко и јунешко – 16.3 кг. Свежа и замрзната риба – 15.9 килограми, а преработки од риба – 2.3 кг.

Од овошје, освен јужно овошје, најмногу се јаделе јаболка – 33.3 кг и бостан – 28.6 кг, а најмалку се јаделе цреши и вишни – 0.8 кг и круши – 1.9 кг.

Од зеленчук, освен компир, најмногу се јаделе пипер – 35.3 кг и домати – 34.6 кг, а најмалку грашок и боранија – 1.2 кг.

Кај млечните производи, домаќинствата најмногу пиеле млеко – 84.6 литри, потоа кисело млеко и јогурт – 76.1, а сирења 30.4 кг и други млечни производи – 7.2килограм.

Од тутун и пијалаци, домаќинствата најмногу од домашниот буџет трошеле на тутун – 14 747 денари, потоа на други безалкохолни пијалаци – 6 196 денари, па за кафе, чај и какао по 4 723 денари и најмалку на алкохолни пијалаци – по 3 645 денари.

Домаќинствата во просек испиле 180.7 литри безалкохолни пијалаци, додека од алкохол најмногу пиво – 29.1 литри, потоа вино – 3.9 литри и жестоки пијалаци – 1.6 литри.

Од домашниот буџет повеќе пари се трошеле на облека – 10 381 денари, додека на обувки – 6 272 денари.

Домаќинствата трошеле 22 066 денари на огрев и осветлување на домот, потоа за комунално-станбени услуги – 4 083 денари, за одржување и поправки на домот – 940 денари и за станарини – 23 денар.

Околу домот и негово одржување, домаќинствата најмногу трошеле на производи и услуги за одржување – 8 586 денари, потоа за мебел, покривки на под и одржување – 2 632 денари, за апарати за домаќинство и поправки – 1 055 денари, за текстил за домаќинство – 1 043 денар, за садови и прибор – 580денари, и за алати за куќа и градина – 226 денари.

Најмногу од домашниот буџет за здравје бил потрошен на лекови и помагала – 10 651 денари, додека на здравствени – 1 103 денари и на болнички услуги – 116 денари.

Во делот на сообраќај, најмногу од домашниот буџет бил за делови и гориво за сообраќајни средства – 17 327 денари, додека 1 308 денари за сообраќајни услуги и 219 денари за сообраќајни средства.

Од комуникациите, најмногу домаќинствата трошеле на телефонски услуги – 8 838 денари, потоа за телефони и факс-апарати – 951 денари, а најмалку за поштенски услуги – шест денари.

Од делот за култура и рекреација, најмногу од домашниот буџет се трошел на аудиовизуелна и информатичка опрема – 1 708 денари, потоа 1 073 денари за опрема за градина, миленици и други средства за рекреација, додека за весници и книги – 902 денари, а за услуги за култура и рекреација – 869 денари и за туристички пакет-аранжмани – 175 денари.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2023 година. Изборот на 5040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2021 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање. Извештајниот период за прибирање на податоците за потрошувачката на избраните домаќинствата е 15 дена, а за приходите изнесува три месеци.

Просечен број членови на анкетираните домаќинства е 3,05, додека во просек вработени биле 1,11 член. Во просек вкупно расположливите средства по анкетирано домаќинство во 2023 година изнесувале – 555 374 денари или 8 957 евра. Најмногу имале мешовитите домаќинства – 990 556 или 15 976 евра, потоа земјоделските – 839 942 или 13 547 евра, а најмалку неземјоделските 524 817 денари или 8 464 евро годишно.

TAGGED:буџетдомаќинствахрана
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
Следна статија ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во…

June 19, 2025
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025

Акиов пријавен в полиција за вчерашниот напад

Вчера во Полициската станица Кочани било…

June 20, 2025

Сите ја плаќаме цената на иранските напади, дури и мојот син двапати ја откажа својата свадба, изјави Нетанјаху

„Целиот израелски народ ја плаќа цената“…

June 20, 2025

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Пристигна првата пратка на креми за…

June 20, 2025

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот…

June 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција

РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски Компани“ за ископ на јаглен и јаловина поради сериозни пропусти и несовесно извршување…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата

 Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот

Ако не се најдат средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за исплата на пензиите ќе мора да се…

December 13, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?